Регионален натпревар по математика во “Наце Буѓони“

13.02.2015 11:23 | KumanovoNews

Во Техничкото училиште „Наце Буѓони“ утре со почеток во 9.30 часот, ќе се одржи регионален натпревар по математика.

Регионален натпревар по математика во “Наце Буѓони“

 Од кумановските училишта учество ќе земат домаќините “Наце Буѓони“, Гимназијата “Гоце Делчeв“ и Гимназија “Сами Фрашери“.

“Ќе се натпреваруваат седумдесетина ученици од регионот, од училишта од Кратово, Крива Паланка, Пробиштип и Свети Николе. Ќе решаваат задачи од математички списанија и збирки за секоја година“ - вели Весна Ристовска, професор по математика во “Наце Буѓони“.

Учениците кои ќе земат прво, второ и трето место и пофалените ученици од регионалниот натпревар, ќе учествуваат на државен натпревар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk