Регионална конференција за развој на туризмот во Североисточниот регион

06.12.2010 09:28 | KumanovoNews

  На Конференцијата ќе бидат презентирани Стратешкиот и Акциониот план за развој на туризмот во СИПР 2011 – 2016 година, електронската база и повеќеслојните мапи на природните и културно-историските туристички ресурси на СИПР.

Регионална конференција за развој на туризмот во Североисточниот регион

 Утре во Куманово ќе се одржи Регионална конференција за развој на туризмот во Североисточниот плански регион. На Конференцијата ќе бидат презентирани Стратешкиот и Акциониот план за развој на туризмот во СИПР 2011 – 2016 година, електронската база и повеќеслојните мапи на природните и културно-историските туристички ресурси на СИПР, како и: студиите за оптимално користење на природното богатство и културно – историското наследство на  СИПР во туристички цели.

Исто така, ќе бидат презентирани и промотивните матерјали за СИПР, изработени во склоп на проектот  Создавање на предуслови за основа за развој на туризмот во Североисточниот плански регион - ФАЗА I.

На Конференцијата ќе говорат градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, претседател на  Советот на Североисточниот плански регион, Џемаил Елмази, директор на Бирото за Регионален развој на РМ и  Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

Проектот Создавање на предуслови за основа за развој на туризмот во Североисточниот плански регион - ФАЗА I е финансиран од Министерство за локална самоуправа (Биро за регионален развој) преку Програмата за атрактивни плански региони 2009 и Програмата за рамномерен и одржлив регионален развој 2009.

Проектот е управуван од Центарот за Развој на Североисточен плански регион, а е имплементиран од страна на Конзорциумот формиран помеѓу Идеја О.К. и Балкан Девелопмент Солутионс БДС.

Конференцијата ќе се одржи во хотел “Хармонија” Долно Коњаре, Куманово, со почеток во 10.30 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk