Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 167 ученици од средните училишта во регионот, денеска во техничкото училиште „Наце Буѓони„ во Куманово полагаа тест по англиски јазик по ЈЕС (YES) програмата за престој на ученици во САД што ја организира Американскиот совет за меѓународно образование.
„ ЈЕС програмата им дава можност на средношколците да добијат стипендија и да поминат една академска година во САД. Учениците ќе имаат можност да учат во американско средно училиште и да научат за американската култура. Истовремено да ја промовираат и македонската култура.Откако ќе се изберат финалистите во САД, имаме партнер организации, кои наоѓаат сместување за децата. Обично се работи за помали гратчиња каде многу повеќе може да се запознае американската култура„, - вели Сим Рамет, заменик кооординатор на проектот.
Учениците велат дека се пријавиле на конкурсот затоа што сакаат да го проверат знаењето по англиски јазик, а пред се да заминат во некое средно училиште во Америка. Некои од нив се тестирааат по втор пат.
„ Ако имаме среќа сакаме да се запишеме во некое подобро училиште кај нив. Да видиме каков е образовниот систем, да научиме многу повеќе за нивната култура и јазик. - ни рекоа три ученички во втора година на гимназијата „Гоце Делчев„.
Оваа програма е целосно финасирана од Владата на САД и подржана од Амбасадата на САД во Скопје и Министерството за образование на РМ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk