Регистриран еден новозаболен и еден починат од ковид-19 во Куманово

07.06.2021 13:05 | KumanovoNews

Во последните 24 часа направени се 1.375 тестирања, а регистриран е еден нов случај на ковид-19 од Куманово.

Регистриран еден новозаболен и еден починат од ковид-19 во Куманово

Пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

Регистрирани се 204 оздравени пациент од: Скопје – 77, Куманово - 25, Охрид – 19, Битола – 11, Струмица – 9, Тетово и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Гостивар, Штип и Струга – по 5, Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3, Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Македонска Каменица  - по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68567, Активни 221

Куманово 8845, Активни 39

Прилеп 8311, Активни 32.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk