Регистрирани 247 заболени од грип во Куманово

18.02.2016 09:44 | KumanovoNews

Центарот за јавно здравје Куманово во последната недела регистрирал 247 заболени од грип во градот, што покажува дека бројот на грипосани расте.

Регистрирани 247 заболени од грип во Куманово

Од нив 100 пациенти се на возраст од 15 до 64 години, до 4 години има 75 лица, од 5 до 14 години заболени се 61 лице и над 65 години заболени се 11 лица.

„Имаме постојан тренд на зголемување или пораст на бројот на заболени од грип. Очекуваме дека и во текот на оваа недела бројот на регистрирани ќе се зголеми. Значајно е тоа дека од страна на матичните лекари редовно се пријавуваат овие заболени. Исто така преку следењето на сентинел, имаме исто појава на заболени од грип. Од брисевите коишто ги зема Центарот за јавно здравје кај нас има изолирано инфлуенца тип А еден случај и инфлуенца тип Б еден случај“-изјави Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.

Неколку лица заболени до грип се задржани на инфективното одделение во Општа болница Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk