Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на новогодишната ноќ и првите два дена во новата година зголемен е бројот на повици на пациенти кои имаат проблеми со дишењето. Од Итната медицинска помош во Куманово велат дека тоа се должи на променливото време и загадениот воздух.
Во новогодишната ноќ регистриран е еден случај на труење со алкохол, се работи за 30-годишен маж.
„Во дневникот е запишана само една интервенција за интоксикација со алкохол, нема забележан случај на малолетници. Нема ниту повредени од петарди, тепачки или сообраќајни незгоди. Но, многу е зголемен бројот на повици на пациенти со хронични болести на респираторниот тракт, особено на оние со астма“, изјави д-р Фахљуме Нуредини, од Итната медицинска помош во Куманово.
Докторката додава дека загадениот воздух, магловитите денови и влажноста на возухот не погодуваат за заболените од респираторни болести, па препорачува кратко проветрување на домовите, да не се излегува надвор и што пократко задржување на отворено. Особено ова да се почитува во најинтензивниот период на денот и редовно да се зема препишаната терапија.
Од СВР Куманово велат дека и тие имале мирен новогодишен викенд, без поголеми инциденти или тепачки.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk