Реката Слупчанка се излеа во селото Опае

09.02.2015 09:22 | KumanovoNews

Реката Слупчанка викендов се излеа во липковското село Опае, при што поплави 10 објекти.

Реката Слупчанка се излеа во селото Опае

Денес водата е повлечена и состојбата е стабилизирана. Од страна на Регионалниот центар за управување со кризи, дадени се препораки до општината Липково за активирање на општински штаб за заштита и спасување.

“Паднатата топола во речното корито во утринските часови со една градежна машина е извлечена од речното корито на Липковка  во село Липково, со што е намален ризикот на нејзино повторно излевање“ - велат од РЦУК.

Иако браните Глажња и Липково се прелеваат, сепак не претставуваат сериозна опасност за излевање на водата од речните корита на Липковка и Кумановка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk