Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кулата на Филтер станицата, сопственост на “Водовод“, која се наоѓа во близина на автопатот Куманово - Скопје во иднина ќе се користи и за рекламни услуги.
На објектот ќе се поставуваат реклами за минимална цена од 350 евра месечно. Кулата е висока 30 метри, а првата реклама ќе ја постави еден мобилен оператор.
- Тие прифатија да постават антени за мобилна телефонија за сума од 350 евра месечно. Тоа се средства кои за нас се навистина потребни. Се надеваме дека во наредниот период ќе добиеме одговор и од останатите мобилни оператори и други компании на кои ја понудивме за рекламирање. За другите компании има сосема друга цена која дополнително ќе ја утврдиме - рече Горан Стојковски, директор на “Водовод“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk