Реконструиран и проширен мостот на Којнарка

19.06.2017 14:42 | KumanovoNews

Реконструиран и проширен е мостот на реката Којнарка, кој води кон добиточниот пазар и земјодеското училиште во селото Долно Којнаре.

Реконструиран и проширен мостот на Којнарка

Мостот претставуваше тесно грло за сообраќајот и пешаците, особено во пазарните денови.

„Проектот отпочна минатата година, финасиран е преку ИПА проект во висина од 4,6 милиони денари и 2,9 милиони денари од буџетот на Општината Куманово. Направена е целосна реконструкција, проширување и поставување на нова ограда на мостот. Ова е еден од виталните проекти за жителите на населбата, училиштето и ЈП Пазаришта,-изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Мостот е завршен пред еден месец и веќе е во функција.

Стариот мост не беше безбеден за сообраќај и по него не  поминуваа камиони, поради што добитокот се оставаше или се продаваше пред мостот, што создаваше невиден хаос во целата населба, - велат жители на Долно Којнаре.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk