Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пуштена е во употреба реконструираната улица Романовска во населбата Тоде Мендол.
Асфалитирани се 2000 метри квадратни поврешина во вредност од 1.5 денари денари. Реконструкцијата е дел од развојната програма на локалната самоуправа за тековно одржување на комуналната инфраструктура во градот.
Во овој дел на градот ќе се завршат во скоро време и улиците Севдо Станковски, Перо Илиевски, Перо Стојменовски, така што 85 до 90 проценти од проблемите комунални во овој дел на градот се решени децениските проблеми.Станува збор за најгусто населено место, имаме неплански делови од градот и ги адаптираме улиците според можностите,- изјави Зоран Дамјановски, градоначалникот на Куманово
Дамјановски најави дека наредната недела ќе започне решавање на проблемот со канализационата мрежа во делот од населбата во близина на автопатот Куманово -Скопје, а ќе продолжи и реконструкцијата на оштетената патна инфраструктура во градот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk