Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заврши реконструкцијата на објектите во кои се наоѓаат полициската канцеларија во Старо Нагоричане и полициското одделение во Ранковце.
Направена е целосна реконтрукција на кровот, сменети се вратите и прозорците, инсталирано е парно греење, изградени се нови тоалети и нова фасада.
„Овие две полициски станици покриваат огромна територија, иако станува збор за мирни општини во кои нема нарушување на безбедносната состојба. Објектите во кои што се наоѓаат беа во многу лоша состојба. Новиот работен простор ќе биде мотивација и за вработените полициски службеници, но и за граѓаните од двете општини“, изјави министерот Оливер Спасовски.
Тој најави дека полиската канцеларија во Старо Нагоричане ќе стане одделение, односно ќе се врати како што некогаш било, затоа што е зголемена фрекфенција на луѓе и сообраќај, бидејќи во општината се наоѓаат повеќе туристички локалитети, но и зголемена е изградбата на викенд куќи.
На ниво на државата досега се реконструирани вкупно 58 објекти на МВР, а во тек е реконструкцијата на СВР Куманово, ОВР Крушево, ОВР Прилеп, Полициско одделение Чашка.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk