Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од 15 до 20 отсто е зголемена потрошувачката на вода во Куманово од почетокот на месецот, соопштуваат во јавното претпријатие „Водовод“.
Ако минатата година во овој период граѓаните за дневни потреби трошеле околу 300 литри во секунда вода, сега таа изнесува 360 литри. Тоа се максимални количини кои јавното претпријатие може да ги обезбеди за потребите на градот.
„Поради високите температури зголемена е потрошувачката на вода и таа е на рекордно високо ниво. Ние обезбедуваме околу 360 литри во секунда вода, 200 литри во секунда добиваме од главниот вод, 60 литри од бајпасот, а вклучени се алтернативните извори во Проевце и Бедиње од каде што добиваме 100 литри. Со овие количини имаме целосно и континуирано водоснабдување во сите делови на градот. Затоа ги повикувам граѓаните да ја трошат водата рационално само за пиење и одржување лична хигиена, за да немаме проблеми до крајот на летото“, вели Горан Стојковски, директор на ЈП „Водовод“.
И покрај апелите на надлежните, несовесни граѓани
секојдневно ја користат технички исправната вода за пиење за полевање на
тревници и бавчи и миење коли. Од претпријатието најавуваат дека
доколку продолжи ваквата пракса, ќе следуваат санкции и рестрикции.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk