Рекордни 70 новозаболени од коронавирус во Куманово

05.11.2020 18:57 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 1275 нови случаи на ковид-19, направени се 3331 тестирања.

Рекордни 70 новозаболени од коронавирус во Куманово

 По градови во: -Скопје 519, -Тетово 85, -Прилеп 75, -Куманово 70, -Битола 69, -Гостивар 55, -Велес 47, -Кавадарци 40, -Струмица 39, -Штип 36, -Струга 30, -Охрид 24, -Гевгелија 22, -Крива Паланка 7, -Кратово 12, -Свети Николе 6 и др.

Починати се 13 лица, еден пациент од Скопје (86), еден од Штип (87), четврорица пациенти од Прилеп (50, 65, 75 и 73), еден од Тетово (71), еден од Струга (31), еден пациент од Битола (65), еден од Охрид (82), еден од Струмица (82), еден од Кочани (72) и еден пациент од Берово (76). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 502 оздравени пациенти од: -Скопје 306, -Куманово 25 и др.

Досега во земјата се направени вкупно 262.446 тестирања на ковид -19.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 36372, бројката на оздравени пациенти е 22526, на починати е 1084, а бројот на активни случаи изнесува 12762.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk