Рекордни 934 новозаболени од корона во државата, 35 во Куманово

30.10.2020 19:36 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во државата, а се направени 2748 тестирања.

Рекордни 934 новозаболени од корона во државата, 35 во Куманово

По градови во: Скопје 420, Велес 82, Прилеп 61, Тетово 58 , Куманово 35, Битола 33, Струмица 30, Охрид 23 , Штип 20, Крива Паланка 4, Свети Николе 13,  Пробиштип 8 и др.

Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75) и двајца од Прилеп (73 и 78). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти од: Скопје 273, Куманово 15...

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 30488, бројката на оздравени пациенти е 20448, на починати е 982, а бројот на активни случаи изнесува 9058.

 Во Куманово досега вкупно се заболени  2.244 лица, активни се 379,  а починати 88.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk