Религиозните различности во насока на заедништво

25.02.2011 14:51 | KumanovoNews

 Работна група составена од преставници на повеќе вери и религии, на граѓанскиот сектор, советници и културни и јавни работници и новинари денеска  обиколија верски објекти на три религии кои функционираат на подрачјето на Општината Куманово и се запознаа со делови од суштината на религиското верување во Бога во светот и кај нас.

Религиозните различности во насока на заедништво

Најпрвин беше посетен кумановскиот храм на христијаните - Црквата ,,Свети Никола‘‘ и нејзината галерија на икони, а потоа следуваше гостувањето во новоизградената Протестантска црква во месноста „Гладно поле„. Тука, благодарение на пасторот на кумановските протестанти Сашо Георгиевски гостите поминаа час и половина уживајќи во  неговата учена беседа за историскиот контекст на протестантизмот во Европа и во светот штој е во голем подем и моментно има 600 милиони поклоници на три континенти. Најдоминантната црква во христијанството и натаму е Римокатоличката со 900 милиони поклоници, а на трето место доаѓа Православието со 250 милиони верници. На крајот групата претстојуваше и во кумановската стара џамија ,,Синан Татар Паша‘‘ каде беа почестени со пригодна беседа ( ,,Дерс‘‘) за основите на Исламот од страна на Оџата Садула Абдулахи.

Несекојдневната посета беше во организација на Центарот за меѓукултурен дијалог - Куманово, во контекст на проектот ,,Активно граѓанство за меѓуетничка соработка‘‘  поддржан од страна УНДП во рамкте на заедничката програма на Обединетите нации.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk