Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски денеска го посети Домот за стари лица “Зафир Сајто“ во рамки на посетата на Куманово.
Таа се сретна со директорот Џемaљедин Неџипи со кого разговараа за функционирањето на најстариот Дом за стари лица во државата.
“Директорот стапи на должност пред неполни две години и за овој временски период има направено резултати кои што вредат да се истакнат, меѓутоа и соочувањето со проблемите во дневното функционирање сакавме изворно да ги слушнеме. Оваа наша посета ќе ја искористиме да ги истакнеме предностите, да ги истакнеме потребите на старските домови. Ова е прва посета на министер на труд и социјала на старски кој е најстар во Македонија. Треба да се обрне внимание на условите во кои луѓето го поминуваат остатокот од својот живот“-изјави Ременски.
Директорот Неџипи истакна дека блок дотациите од година во година се намалуваат, и овие средства не се доволни ниту за исплата на плати. Неџипи вели дека финансиите се проблем со кој ја запознал министерката.
“Од 2009 година имавме 19 милиони, додека во 2016 година имаме 10.600.000 денари. Што значи дека огромен дел од средствата ни се намалени. Со овие средства од блок дотациите домот не може ни плати да им покрива, а да не мислиме за друго нешто. Да се надеваме дека ќе ги земе во предвид нашите барања, за да функционираме нормално и да даваме услуги како што треба“- рече директорот.
Во “Зафир Сајто“ донесоа донација сокови за старите лица, а ученици од “Перо Наков“ ја изведоа претставата “Зона Замфирова“.
Ременски денеска ја посети општина Куманово каде градоначалникот ја информираше за проектите кои ги работат, беше во градинката “Ангел Шајче“ и ќе го посети и Центарот за социјални работи Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk