Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Управните служби на СВР Куманово и Државниот архив, ќе се преселат во реновираните простории на поранешниот Дом на АРМ во Куманово.
Реновирањето на зградата траеше 8 месеци, а за целиот проект потрошени се 42 милиони денари.
“Темелно се реконструирани и обновени 2700 метри квадратни простор. Првото ниво е на МВР каде што ќе се вршат граѓански работи поврзани со издавање на лични документи и патни исправи, а другите две нивоа ќе бидат за Државниот архив, каде се чува огромен матерјал, архивска граѓа, којашто ќе се собира од овој град и од целиот регион. Се направи нешто што многу се разликува од она што беше предходно,- изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на свеченото пуштење во употреба на објектот.
Домот на АРМ, откако го напушти армијата, беше сврталиште на бездомници и корисници на дрога, а неколку пати беше и подметнуван пожар. Зградата беше целосно руинирана и оштетена. По реновирањето преставува еден од најрепрезентативните објекти на влезот во градот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk