Реновиранa полициската станица во Кратово

05.09.2019 16:15 | KumanovoNews

Со цел да се обезбедат подобри услови за работа, по 4 децении реновирана е полициската станица во Кратово.

Реновиранa полициската станица во Кратово

Инвестицијата е вредна околу 3.8 милиони денари, а парите се обезбедени од буџетот на МВР.

„И во наредниот период продолжуваме со подигање на севкупните стандарди и услови на работа на полицијата, а со тоа на нејзина поголема функционалност и ефикасност во секојдневното работење“ - изјави министерот Оливер Спасовски, на промоцијата на реновираниот објект.

Безбедносната состојба на подрачјето на ПС Кратово е стабилна и во текот на првата половина од годинава, споредбено со истиот период лани, се бележи намалување на сторени кривични дела, поточно намалување од 33,4 проценти, а има и намалување на прекршоците од областа на јавниот ред и мир. Од друга страна зголемена е ефикасноста на расчистени кривични дела во споредба со истиот период лани.

Министерот Спасовски имаше средба и со градоначалникот на Кратово Љупчо Бојаџиев, на која разговараа за соработката меѓу полицијата и локалната самоуправа која е на високо ниво, а потоа заедно присуствуваа на седницата на локалниот совет за превенција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk