Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Реновирани се амбулантите на детското и интерното одделение во Општата болница Куманово.
Со реконструкцијата се опфатени околу 400 метри квадратни на двете одделенија со средства обезбедени од буџетот на болницата.
„Условите во овие две одделенија не беа на задоволително ниво, бевме приморани да направиме реконструкција на просториите за да можат нашите најмали пациенти и пациентите на интерно да добијат услови какви што заслужуваат, “- изјави директорот на кумановската болница, Ариф Латифи.
Наскоро се очекува да отпочне и реконструкцијата на одделението за физикална терапија, АТД и подрумските простории каде што беше сместена амбулантата на хирургија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk