Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тоалетите на Автобуската станица во Куманово се реновирани и деновиве ќе бидат ставени во функција, информираат од “Руле Турс“.
Сменета е водоводната и канализациона инсталација, а вградени се нови плочки и санираја.
Повеќе од 20 или 30 години воопшто не е инвестирано во зградата и тоалетите беа во многу лоша состојба. Приоритет ни беше да ги средиме за да секој патник кој патува на подолга релација и има пауза во Куманово да може да отиде во тоалет и да има каде да измие раце. Гледавме да биде тоа на едно ниво кое граѓаните го заслужуваат - велат од “Руле Турс“.
Претходно од патниците и граѓаните имаше многу негативни коментари за руинираните тоалети. Од претпријатието најавуваат реновирање и на чекалните и билетарницата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk