Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште “Христијан Карпош“ целосно се уредени и опремени санитарните јазли.
За таа цел потрошени се 2,2 милиони денари, средства на општина Куманово и Македонскиот центар за меѓународна соработка.
“Подобрување на хигиенски услови во образованието е наша обврска. Наидовме на разбирање од МЦМС, ромските невладини организации и со заеднички проект направивме тоалети на 4 ката. Во ова училиште има многу ученици од ромска етничка заедница. Дадовме скромен придонес во време кога Влада на Република Македонија нема капитални инвестиции во реновирање на школи, еве невладините организации дадоа свој придонес“ - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Од МЦМС велат дека во иднина со донатори, граѓански сектор и локалните самоуправи ќе продолжат да помагаат за подобрување на условите во училиштата.
“Успеавме да комплетираме цело крило на ова училиште, целосна реконструкција на санитарните јазли. Јас сум оптимист и верувам дека во иднина не само во општина Куманово, туку и во другите градови ќе успееме да поддржиме реконструкција на други училишта“ - вели Димче Митрески, извршен директор на МЦМС.
Директорката Лидија Костиќ се заблагодари за инвестицијата и потенцираше дека во “Христијан Карпош“ се образуваат 1249 ученици од кои 126 се Роми.
„Во голема мера ќе се подобрат хигиенско - техничките услови во училиштето. Ќе влијае на здравјето на учениците, ќе ја олесни работата на кадарот во училиштето. Благодарност огромна, останува уште една вертикала во делот на одделенска настава кој не е направен“ - изјави Костиќ.
По повод завршување на овој проект во училиштето денеска беше организирана приредба.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk