Реновирано основното училиште „Јероним Де Рада“ во Черкеско село

10.12.2018 10:42 | KumanovoNews

Со средства од Европската унија и Светска Банка реновирано е основното училиште „Јероним Де Рада“ во Черкеско село.

Реновирано основното училиште „Јероним Де Рада“ во Черкеско село

Проектот е вреден 43.783 евра а заменети се подовите, плафоните и внатрешната столарија. Претходно во училиштето е сменет системот за затоплување со централно греење и нови радијатори, а во тек е изградба на нова училишна спортска сала.

Градоначалникот Максим Димитриевски, истакна дека и понатаму ќе продолжи поддршката во развојот на руралните средини и подобрувањето на работните услови во училиштата.

На свеченоста по повод завршување на проектот присуствуваше евроамбасадорот Самуел Жбогар, министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Светска Банка во Македонија Марко Мантованели.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk