Репертоар на Народниот театар

06.11.2013 11:12 | KumanovoNews

 Во Народниот театар Куманово утревечер ќе се игра претставата “Вештерките од Салем“ проект на Албанска драма при НЦУК “Трајко Прокопиев“.

Репертоар на Народниот театар

Во петок ќе биде изведена претставата “Тања, Тања“ во режија на Александар Ивановски, а настапуваат актерите: Александра Пешевска, Антонио Димитриевски, Јасмина Василева, Стефанија Зисовска, Мирослав Петковиќ, Мартин Лазаревски, Марко Трајковиќ и Сашко Костов, музичар и гостин во претставата. “Тања, Тања“ кумановци ќе можат да ја погледнат и следната сабота.

Во сабота ќе се игра “Нажалена фамилија“ во режија на Драгана Милошевска Попова,  гости се Суперхикс. Во претставата учествуваат: Кети Дончевска Илиќ и Горан Илиќ, Димитрија Доксевски, Марјана Ристов, Владимир Дојчиновски и други. Претствата ќе се прикажува повторно следниот петок.

Театарот на народности, Албанска драма ќе гостува на 13 месецов со претставата “Пари, пари“.

Сите претстави почнуваат во 20 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk