Реставрирана црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Младо Нагоричане

11.02.2017 15:52 | KumanovoNews

 Завршија конзерваторско- реставраторските работи во црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во селото Младо Нагоричане.

Реставрирана црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Младо Нагоричане

 Се работи за значаен споменик на културата од 16 век од поствизантиски период, на кој интензивно се работеше заради негова заштита.

„Станува збор за долготраен и сложен процес кој се одвиваше во повеќе фази при што беше извршена: консолидацијата на архитектонско-конструктивниот склоп на црквата, препокривање на објектот со нови керамиди,  беше извршена санација на фасадите и потпорните ѕидови околу црквата, изведен  е дренажен систем, а беше извршено и партерно уредување на просторот околу црквата.  За таа цел од буџетот на Министерството за култура беа издвоени 6 милиони денари“, - изјави министерката Елизабета Камчевска-Милевска.

 Министерството за култура во 2017 година како следна фаза во оваа црква ќе спроведе мерки за заштита на фрескоживописот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk