Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во понеделник се слави Нова година по јулијанскиот календар, па повеќето кумановски кафеани и ресторани се подготвени за уште една новогодишна прослава.
Со богато мени, неограничено пиење и цена двојно пониски од новогодишната ноќ, сопствениците нудат добра забава со реномирани и локални музичари.
Менито е богато со вкусна храна комбинирана со традиционални јадења. Ќе има и бакардан со сланина. За гостите пиењето е неограничено, цената е 900 денари, а вечерта ќе настапи кумановската група “Хабанера бенд“ - велат од рестораните Ексклузив и Бастион.
Во кафеана “Ксмет“ дочекот на Стара нова година чини 800 денари, а гостите ќе ги забавува групата “Млади боеми“. На мени се сезонските салати, топло предјадење, проја и качамак со суво месо, вечера, десерт и неограничено пиење.
Ресторанот “Прадо“ организира забава со Боби Серафимовски и “На здравје бенд“ за 590 денари.
Во На-Ма ќе пее Александар Белов, а во Грација Милица Тодоровиќ и Драги Домиќ.
Во угостителски објекта велат дека повеќето од картите се резервирани, но има и граѓани кои последните два - три дена одлучуваат каде ќе слават.
Дел од кафеаните нема да организираат свечена прослава, но велат дека ќе бидат на располагање на гостите кои планираат таа вечер да ги посетат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk