Ретроспективна изложба на дела од кумановските ликовни уметници

16.12.2019 10:34 | KumanovoNews

Во Уметничката галерија во Куманово, вечерва со почеток во 20 часот, ќе биде отворена ретроспективна изложба на дела од кумановските уметници, насловена како „Кумановска ликовна сцена“.

Ретроспективна изложба на дела од кумановските ликовни уметници

На изложбата ќе бидат прикажании околуи 35 дела од постарата генерација, која всушност е основоположник на ликовнта кумановска сцена.

Кумановската публика ќе ги види делата на Трајче Јанчевски, Александар Симоновиќ, Гоце Божурски, Драгутин Аврамовски Гуте, Часлав Марковиќ, Тања Соларска Темелковски, Момчило Петровски-Моцо, Тане Атанасовски Гарски, Владимир Величковски, Исени Реџаи, Верољуб Станковиќ, Борис Кукуњавски, Зоран Јакимовски, Трајко Тошевски, Мирослава Цветковиќ, Слободан Тимчевски, Марина Цветановска Мартиновска, Синиша Кашавелски, Мухамедали Алил и Страхил Петровски.

Изложбата е финансирана од страна на Министерството за култура и Општината Куманово, а се одржува по повод одбележувањето на јубилејот 500 години од постоење на Куманово.

(фото.архива кумановоњус)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk