Ретроспективна изложба на Дороти Пачкова во Куманово

28.10.2021 09:10 | Сузана Николиќ

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово утре во 14 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба на Дороти Пачкова - “Retroactive retrospektive“.

Ретроспективна изложба на Дороти Пачкова во Куманово

Изложбата содржи триесеттина акрилици, слики, фотографии, документи од сите творечки фази на авторката Пачкова а целиот проект е подржан од страна на Министерството за култура на РС Македонија. Поставката ќе биде достапна за посетителите до 09.11.2021.

Проектот “Retroactive – retrospective“ – ретроспективна изложба на Дороти Пачкова подразбира едно сублимирано резиме на досегашната творечка активност на оваа авторка на полето на визуелните уметности. Притоа, ќе го користиме хронолошки документарно- илустративниот приод сметајќи дека така најдиректно ќе ја претставиме оваа артистка. Се разбира дека просторот којшто го имаме на располагање не дозволува комплетно и сеопфатно, во детали, претставување на Пачкова туку само подвлекување на најзначајните јавни настапи и кратка анализа на истите. Иако се работи за млада авторка зачудува фактот дека во нејзиното портфолио среќаваме многу активности и јавни настапи во повеќе мултимедијални области од сферата на уметноста и општествениот живот, невладиното граѓанско организирање и дејствување како и актуализирање на проблеми од областа на социјалниот сегмент. Секако нашиот фокус ќе биде насочен кон активностите поврзани со визуелните уметности и реализираните проекти на Дороти Пачкова коишто оставиле трага во реалниот и дигиталниот простор.

Дороти Пачкова е родена 1985 г. во Скопје, Македонија. По завршување на средното уметничко училиште во Скопје, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на Катедрата по сликарство, во класата на проф. Жанета Вангели. Магистрира на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје на насока - Родови студии, под менторство на Катерина Колозова и коменторство на Бранимир Јовановиќ.

Пачкова имала повеќе самостојни изложби во земјава и странство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk