Ретроспективно-монографска изложба на Крсто Славковски во Куманово

28.09.2022 11:21 | Сузана Николиќ

Во Уметничката галерија во Куманово вечерва во 20 часот ќе биде отворена ретроспективно-монографската изложба на скулпторот Крсто Славковски.

Ретроспективно-монографска изложба на Крсто Славковски во Куманово

Крсто Славковски е роден во 1928 година во Кучевиште, а неговото творештво започнува во 1950 година и трае до крајот на неговиот живот во 2009 година. Работел во Уметничката галерија во Скопје како административно/технички помошник, но ао аилно изразено чуство за скулптурската форма, придонесува за целосна посветеност и континуирана активност во областа на наивниот израз. 

Иако автодидакт, поради уметничките вредности од 1972 година бил активен член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и излагал на сите традиционални изложби, на изложбите „Зимски салон“, „Ситна пластика“… 

„Со цел достојно да биде претставен неговиот богат творечки опус, во рамките на ретроспективната изложба истовремено ќе биде објавена и книга за овој автор со шеесеттина колор репродукции и обемен текст од Гоце Божурски“, најавија од Националната установа Музеј – Куманово.
    

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk