Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во дворот на Музејот Куманово утревечер во 20 часот ќе се одржи модна ревија “Модните трендови и културата на живеење од “ала франга“ до современа мода„, од авторката Анита Ѓорѓијоска.
На ревијата ќе бидат презентирани женски и машки модели на европската мода од почетокот на 20 век и нови модели на модните креатори Ненад Секирарски и Александар Рашковиќ.
Врз основа на моите теренски истражувања низ Куманово, бидејќи работам на збирката народни носии и ткаеници, дојдов на идеја нашите музејски експонати, кои се наоѓаат во депото на музејот, да ги презентираме на пошироката јавност на модна ревија. Истовремено ги поканив нашите современи дизајнери Ненад Секирарски и Александар Рашковиќ, кои токму инспирацијата за своите модели ја бараат во оваа мода. На ревијата ќе биде прикажана паралелно староградската и современата мода. Сакаме да покажеме дека Куманово некогаш бил град во која постоела градска класа, која ги црпела моделите за своето облекување од европските метрополи -изјави м-р. Ѓорѓијоска.
Моделите ќе ги носат ученички од гимназијата Гоце Делчев, а ревијата ќе биде проследена со звуците на класичната музика од групата Арио.
Проектот е поддржан од Министерството за култура.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk