Ревија на кратки филмови на „ФИЛМАЈ“ во „Герила кафе“

18.05.2023 08:41 | KumanovoNews

Вечера во 20 часот во „Герила кафе“ во Куманово ќе се одржи ревија на кратки филмови од први четири изданија (2019-2022 година) на Фестивалот на краток филм - „ФИЛМАЈ“ во организација на фото - кино клуб "Козјак". 

Ревија на кратки филмови на „ФИЛМАЈ“ во „Герила кафе“

 Пред посетителите ќе бидат прикажани 8 кратки филмови, а влезот е бесплатен за сите посетители.

„Ревијата ќе е загревање за петтото издание на Фестивалот на краток филм - „ФИЛМАЈ 2023“, кој ќе се одржи на 30 и 31 мај  во 20 часот, во Занаетчиски дом - Куманово“, информираат организаторите .

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk