Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ревијата “Модните трендови - културата на живеење од ала франга до современата мода“, проект на Музеј Куманово, утре во 19 часот ќе се прикаже во Музејот на македонската борба во Скопје.
Ревијата ќе биде дел од Форумот на словенски култури.
“Ревијата е составена од три блока. Во првиот блок е прикажана строградската кумановска носија, се враќаме за момент на старото кумановско корзо да ја видиме модата која била под европско влијание, модата до 20 - от век. Потоа во вториот и во третиот блок ќе бидат презентирани нашите двајца модни дизајнери, Ненад Секирарски и Александар Рашковиќ, кои ќе ја прикажат денашната мода инспирирана од тој период“ - вели Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.
Публиката во Скопје ќе може да види 45 модели од оваа модна ревија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk