Ревитализација на водоводната мрежа на две улици во Тоде Мендол

22.05.2015 08:25 | KumanovoNews

Општинскиот кризен штаб вчера донесе одлука за ревалитизација на водоводната и фекалната мрежа, на двете улички каде се изведувани вооружени дејствија во населба Тоде Мендол.

Ревитализација на водоводната мрежа на две улици во Тоде Мендол

“Старата канализациона и водоводна мрежа на повеќе места е пробиена и искршена, односно нефункционална и постои опасност од нивно излевање при користење и епидемии како и други заразни болести. Од страна на Општинскиот кризен штаб донесена е препорака до градоначалникот на град Куманово, за барање на средства од Влада на РМ од буџетот за изведување  на повеќе санациони проекти на инфраструктура по местата каде се водени борбени дејства“ - стои во соопштението од РЦУК.

Должината на мрежата која треба да се ревитализира е 200 метри.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk