Резервните официри организираат марш до Кокино

18.09.2015 10:25 | KumanovoNews

Организацијата на резервни официри утре организира марш од село Драгоманце до опсерваторијата Кокино, при што ќе биде посетен и Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Резервните официри организираат марш до Кокино

На маршот покрај кумановските ќе учествуваат и официри од Кратово, Крива Паланка, Пробиштип, Скопје и Свети Николе.

За прв пат организираме локален марш и во иднина ќе биде традиционален со тоа што локацијата ќе се менува. Оваа активност е во нашата годишна програма за реализација. На маршот ќе учествуваат 40 наши членови, плус гостите од соседните градови - вели Синиша Богдановски, претседател на Организација на воени официри Куманово.

На маршот во сабота можат да се приклучат и граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk