Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Организацијата на резервни официри на Македонија денеска во Куманово одржа Свечена академија на која повика на национално единство.
На Свечената академија организирана по повод 70 години од ослободувањето и од Првото заседaние на АСНОМ, беa доделени благодарници на борците од НОБ, бранители од 2001 година и на институции кои соработуваат со Организацијата на резервни официри на Македонија.
“Ова го правиме во предвечерието на овој празник, да му дадеме значење и пред се да кажеме пред светот дека Македонија е единствена држава од сите антифашистички земји која во текот на Втората светска војна со сопствени сили се ослободи. Никој не ја ослободи Македонија и затоа таа треба да биде горда. Второ, кога се прогласуваше федерална Македонија во 1944 година, тоа се случи на територијата на Куманово и кумановско. Всушност, беше и меѓународно призната бидејќи на состанокот имаше претставници директно испратени од англискиот премиер Черчил и од американскиот претседател Рузвелт“ - вели Ѓорѓи Малковски, претседател на Организација на резервни официри на Македонија.
Тој порача дека само народите кои се единствени и обединети имаат иднина и потенцираше дека досега на повеќе од 300 бранители од 2001 година им доделиле благодарници за нивниот придонес за државата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk