Рибaрите ќе го прослават Водици на Градскиот кеј

16.01.2015 09:27 | KumanovoNews

Членовите на риболовното друштво “Пчиња“, во понеделник во 11 часот на Градски кеј, ќе го одбележат празникот Водици и Денот на рибарите.

Рибaрите ќе го прослават Водици на Градскиот кеј

Традиционално и годинава ќе има богата трпеза со пивтии, печено прасе, погача со паричка и грејана ракија.

“Оваа година кум на прославата е нашиот член Ивица Насковски, а за следната година кум ќе биде тој на кого ќе му се падне паричката од погачата. Ги повикуваме сите наши членови и љубители на риболовот да ни се придружат на оваа наша мала свеченост“ - вели Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.

Риболовците 8 - ма година по ред Денот на рибарите го одбележуваат на Градскиот кеј.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk