Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на спортското риболовно друштво “Пчиња“ денеска на Градскиот кеј го прославија празникот Водици.
Традиционално и оваа година кумот подготви богата трпеза и погача со паричка.
“Денеска водите во реките се осветени. Ние времето го поминуваме со реките, водите и за нас е голема чест што денеска имаме ново кумство и традицијата продолжува. Ние се надеваме дека ќе ни биде бериќетна годината, но колку риба ќе уловиме тоа е божја работа“ - вели Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.
Паричката од погачата му се падна на рибарот Далибор Милановски, кој ќе биде кум за следната година.
„Кога станав утрово мислев дека паричката ќе се падне кај мене, и се падна. Кумството за мене значи здравје, среќа и бериќет“ - рече Милановски.
На Градски кеј беа присутни претставници на локалната самоуправа, јавни претпријатија, училишта, граѓани и други.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk