Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Рибарите од Куманово денеска на Градскиот кеј го слават празникот Водици.
Традиционално секоја година спортските риболовци и голем број граѓани се собираат на ова место, јадат пивтии и си го честитаат празникот.
Се собираме да прославиме со рејана ракија, пивтии, салати. Поканети се сите граѓани на Куманово и риболовци. Секоја година бираме кум со кршење на лепче. Предвидено е да се избере кум кој ќе биде најсреќен, кој ќе ја добие паричката. Оваа традиција планираме да ја продолжиме и другите години и да биде помасовно - рече Роберт Лазаревски, претседател на риболовно друштво „Пчиња“.
Кум за следната година ќе биде Драган Ѓорѓевски. Постарите риболовци велат дека за нив риболовот е рекреација, спорт, а често рибарат во селата Пчиња, Студена Бара, Шупли Камен, Пелинце и на други места.
Јас 50 години сум риболвец, а имам 78 години. Има многу млади риболовци. Убаво е да се опуштиш по риби, да заборавиш на друго. Сите наши реки ги посетувам, имам две дозволи - вели Момчило Божиновски, риболовец.
Риболовците последните 15 години на ваков начин го слават Водици.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk