Рибарското друштво „МАК-ДАМ“ утре организира крводарителска акција

29.01.2024 12:01 | KumanovoNews

Во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово утре, вторник, од 10 до 17 часот ќе се одржи крводарителска акција организирана од рибарското друштво „Мак-Дам“.

Рибарското друштво „МАК-ДАМ“ утре организира крводарителска акција

„Крводарителската акција ја организираме традиционално по десетти пат и таа се одржува секоја година при крајот на јануари и почетокот на февруари. Досега имаме голем одзив за истата со над 100 граѓани секоја година, а оваа година очекуваме да биде уште поголем бројот на крводарители“, истакна Марјан Вељановски, претседател на рибарското друштво.

Тој исто така посочи дека во претходните години жените повеќе се одзивале во дарување крв, а акцијата се однесува на сите заинтересирани граѓани на Куманово.

(Теодора Стоевска)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk