Риболовците ќе се натпреваруваат за 11 Октомври

07.10.2013 08:01 | KumanovoNews

 По повод празникот 11 Октомври, во недела на езерото “Гого - Монт“ риболовците од Спортско риболовно друштво “Пчиња“ ќе организираат натпревар.

Риболовците ќе се натпреваруваат за 11 Октомври

Риболовците ќе се натпреваруваат поединечно во рибарење во категориите кадети, јуниори и сениори.

Ова ни е традиционален натпревар и секоја година интересот е задоволителен. Се пријавуваат риболовци од Куманово, а за најдобрите ќе има пехари, дипломи и медали. Да се биде победник во град Куманово е големо признание. Лани на овој настан учествуваа над 35 рибари  - рече Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.

Натпреварот се организира повеќе од 10 години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk