Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипа од Спортско риболовно друштво “Пчиња“ на 9 август ќе учествува на Куп на Македонија на Тиквешко езеро што го организира Риболовна федерација на Македонија, по повод Илинден.
- Ќе пратиме екипа составена од три члена и замени кои ќе се натпреваруваат во категорија сениори. Тие ќе си ги одмерат силите во ловење на риба со пливка - рече Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.
На натпреварот ќе учествуваат над десет риболовни друштва од повеќе градови од Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk