Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со големи попусти и изненадувања oптика „Стил“ оваа недела ќе го прослави вториот роденден. Роденденската недела започнува денеска а ќе трае до сабота.
Специјализираниот салон за очила се наоѓа во Трговскиот центар „Сума“ на приземје, а за изминатите две години успеа да се наметне со својот квалитет, професионалност и пристапни цени.
„Роденденската недела ќе трае од 23 до 28 август, ќе имаме попусти на целиот асортиман на сончеви и диоптриски очила, како и на сите видови диоптерски стакла. Со оваа наша акција сакаме да им се одолжиме на нашите редовни клиенти, но и да ги покани сите останати да дојдат и да бидат дел од големото семејство кое ги користи нашите прозводи и услуги“, велат од оптика „Стил“.
Оптика „Стил“ нуди широк асортиман на светски познати брендови на очила за вид и очила за сонце, а врши и монтажа и сервисирање на диоптриски очила. Станува збор за внимателно одбраните производи со проверен квалитет, по најстрогите критериуми на струката и естетиката.
„Ние сме тука за сите на кои им е потребна нашата помош при избор на рамки, стакла и совети. Диоптриските рамки се со врвен квалитет и со гаранција. Нашите производи се истовремено практични и модерни. Што се однесува до очилата за сонце имаме: класични, дискретни, маркантни, модерни, трендовски, со квалитетно заштитно стакло за сонце, за сите вкусови и за сечиј џеб“, велат сопствениците.
Од оптика „Стил“ ве покануваат да ги посетите во деновите на роденденската недела и да си одберете убави очила за себе или за подарок по пристапни цени, воедно да се уверите во нивната стручност и професионалност, како и беспрекорна и брза услуга.
Гледајте го светот со квалитетни очила од оптика „Стил“. Дојдете заедно да прославиме две години од нашата заедничка успешна приказна!
Информации на тел. 075/ 910 830.
(комерцијален текст)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk