Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Група родители на ученици од основното училиште „Толи Зордумис“, денеска на протест побараа поголема безбедност за своите деца, откако минатат недела беше претепан еден ученик во дворот на училиштето.
Сакам да апелирам до сите институции, сите луѓе и родители што денеска се тука и на вас новинарите, ова да биде прв и последен случај, да не се дозволи на ниедно дете тоа да му се случи. Сите сме родители, -изјави Александра Петковиќ, мајка на претепаниот осмооделенец.
Насилството се случило во петокот, кога група средношколци Албанци го пресретнале ученикот и му се нафрлиле да го удираат со тупаници и клоци по главата и телото. Детето се онесвестило, по што минувачите побарале помош и го однеле во училиштето. Насилниците побегнале, а полицијата работи на нивно пронаоѓање.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk