Родители и полицајци патролираат низ градот

19.08.2013 15:43 | KumanovoNews

 Мешани тимови од родители и полициски службеници викендов  прошетаа по кумановските улици и кафулиња за да видат каков ноќен живот водат најмладите.

Родители и полицајци патролираат низ градот

По посетата на повеќе угостителски објекти, Плоштадот, шеталиштето, Соколанскиот парк и училишните дворови, родителите се согласија дека треба повеќе да внимаваат каде излегуваат нивните деца, со кого се дружат и дали употребуваат алкохол или некој друг порок.

Проектот го спроведува Министерството за внатрешни работи со цел да се анимираат и едуцираат родителите за потенцијалните ризици на кои е изложена малолетната популација и доколку е можно да влијаат врз правилниот избор на местото за ноќниот живот .Исто така се промовира да се зголеми квалитетот на односите меѓу полицијата и граѓаните и да се подигне нивото на свест кај родителите за потенцијалните ризици врз малолетниците, како и да се поттикне отворена дискусија помеѓу полицијата и родителите за превенирање на малолетничкото престапништво- изјави Виолета Богдановска од Секторот за превенција.

Проектот „Мешани патроли„ се реализа втора година по ред во Отсекот за превенција заради зајакнување на свеста на родителите за поголемо  внимание и комуникација со децата, но и соработка со институциите кои се грижат за безбедноста. Вакви мешани патроли ќе се спроведуваат и во наредниот период а учествуват по 10 родители и полициски службеници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk