Родители и полицајци во кафулиња, да видат дали младите пијат

21.07.2014 10:43 | KumanovoNews

Мешани патроли составени од полицајци и родители викендов посетија повеќе кафулиња во градот и утврдија дека генерално се почитува забраната за точење алкохол на малолетници.

Родители и полицајци во кафулиња, да видат дали младите пијат

Од отсекот за превенција при СВР Куманово велат дека треба истото да важи и за местата каде се организираат забави на младите.

  - Ги посетивме кафулињата во Гарнизон, угостителските објекти каде има ноќен живот, Градскиот плоштад, паркот кај Соколана и заклучокот е дека генерално законот се почитува. Превентивно треба да се делува кога се изнајмува простор за забава и прослава на родендени да не се конзумира алкохол. Родителите треба да не им купуваат алкохол, но и оние кои ги издаваат објектите да внимаваат - вели Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.

Мешани патроли викендов ги обиколија кафулињата во Куманово и во Крива Паланка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk