Родители омажиле малолетно девојче во Ранковце

25.03.2016 12:53 | KumanovoNews

Родители од Куманово омажиле малолетна ќерка во Крива Паланка.

Родители омажиле малолетно девојче во Ранковце

В.П. (55) и С.П.(39), двајцата од Куманово, се  осомничени дека сториле кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“, бидејќи му дозволиле на Т.Р.(23) од Крива Паланка да живее со нивната 14-годишна ќерка.

  Т.Р. во периодот од 28 февруари до 10 март, во својата куќа во с. Ранковце живеел во вонбрачна заедница со четиринаесетгодишно девојче. Откако полицијата го вратила девојчето дома родителите повторно и допуштиле да живее во вонбрачната заедница со Т.Р.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk