Родителите бараат подобри услови за учениците во Студена Бара

28.03.2016 15:11 | KumanovoNews

Десетина ученици од подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци“ во селото Студена бара, два дена ја бојкотираа наставата, бидејќи нивните родители сметаат дека училишната зграда не ги задоволува просторните ни хигиенски услови за организирање на настава.

Родителите бараат подобри услови за учениците во Студена Бара

Училишната зграда е стара повеќе од 50 години, без вода и тоалет за учениците и вработените.

„Овде е валкано, не е молерисано, клупите стари од времето кога јас учев пред 40 години. Училиштето е изградено во 60- тите години со самопридонеси на жителите на селото, за 50 години не е инвестирано ни една шајка. Внатре да влезете да видите какви дупки има.Цела година нема служител, само одвреме навреме доаѓа, - вели Маре Постоловска, родител.

 Родителите бараат од надлежните од ликалната самоуправа да го реновираат училиштето, бидејќи од  зградата што се распаѓа мината година паднала тула и удрила едно дете по глава.

Директорката на училиштето Марина Манојловска, вели дека родителите до неа не доставиле никакви барања, ниту побарале средба. Таа тврди дека пари за реновирање на зградата немаат, но сите други неопходни мерки во училиштето се преземни.

„Децата се на топло и на суво, а просторните услови се тие кои ги има. Она што можам да кажам минатата година во лето двете простории беа окречени и темелно исчистени, дезинфицирани и извршена е дезинсекција. Реално ние сакаме децата да учат во подобри услови, но ние како училиште самостојно тие пари ги немаме,- изјави Манојловска.

 Подрачното училиште во Студена бара од 2004 година е во состав на основоно училиште Браќа Миладиновци, а до тогаш функционирало како улиштето во рамки на соседното село Пчиња.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk