Рокот за легализација на дивоградби да се продолжи за уште 5 години, предлага ВМРО-ДПМНЕ

11.02.2026 19:53 | KumanovoNews

Рокот за легализација на дивоградбите да се продолжи до 2031 година, бараат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Рокот за легализација на дивоградби да се продолжи за уште 5 години, предлага ВМРО-ДПМНЕ

Тие минатата недела поднесоа предлог во Собранието за измени на Законот за легализација на дивоградбите, со кои рокот за легализација се продолжува за уште 5 години. Оваа измена не предвидува да се поднесуваат нови барања за легализација, туку е исклучиво за оние граѓани кои веќе поднеле документација и со години чекаат на својот имотен лист.

„Граѓаните не смеат да останат со нерешен статус на својот дом поради административни препреки или поради бавни процедури. Многу наши сограѓани со години се заглавени во лавиринтите на судски спорови за имотно-правни односи, разни постапки или претходни прашања кои не биле по нивна вина. Актуелниот закон предвидуваше рок на важност до 3 март 2026 година, што би значело дека илјадници предмети кои се во процедура би биле прекинати по сила на закон во фазата во која се затечени“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.

Законот за легализација на дивоградби беше донесе во 2011 година и ако се усвојат измените и рокот се продолжи до 2031, законот ќе биде во сила вкупно 20 години.

Advertisement

2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk