„Рома труба фест“ вечерва на Градскиот плоштад во Куманово

18.07.2024 08:22 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад во Куманово вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи 18. издание на „Рома труба фест“. Фестивалот е во организација на Ансаблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“ од Куманово.

„Рома труба фест“ вечерва на Градскиот плоштад во Куманово

„Српската фолк пејачка Анабела ќе биде ѕвезда на годинешното издание, таа ќе ја изведе и ромската химна на почетокот. Ќе настапат и најквалитетните дувачки оркестри во регионот, поради што најавуваме незаборавна забава. Не залудно го носиме епитетот македонска „Гуча“, изјави Самет Салиевски, уметнички директор на фестивалот. 

Освен ѕвездата Анабела настапуваат и орекстрите на Исидор Зечировиќ, Кристијан Азировиќ, Роберт Демировиќ, сите од Република Србија, оркестарот Сандански од Бугарија и македонските оркестри на Демир Уска Кантуров, Кеми Асанов, како и Кочани оркестар. 

Фестивалот ќе биде ревијален, а сите учесници ќе добијат статуетки за учеството.

Салиевски најавува квалитетна и пред се забавна програма, иако фестивалот се одржува во една вечер.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk