„Рома-труба фест“ во петок на градскиот плоштад во Куманово

17.08.2022 12:41 | Сузана Николиќ

Традиционалниот фестивал на дувачки оркестри „Рома труба фест“, ќе се одржи во петок со почеток во 19.30 часот на градскиот плоштад во Куманово. Манифестацијата по 17-пат ја организира Ансаблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“ од Куманово.

„Рома-труба фест“ во петок на градскиот плоштад во Куманово

Учество ќе земат 9 оркестри од Македонија, Србија, Бугарија и Белгија, но и познати и признаени дувачи солисти, кои зад себе имаат голем број на награди и признанија за нивната музика.

„Пред кумановската публика ќе се претстави кралот на ромската музика Ферус Мустафов, оркестрите на Бојан Ристиќ, Владимир Ивановиќ, Кристијан Азировиќ и Исидор Зечевиќ од Србија, Оркестарот на Кеми Асанов од Македонија, Оркестарот на Севен масар Кадриев и Брас бенд од Бугарија. Посебна атракција ќе биде Оркестарот на Мануел Амеговиќ од Србија, кој е избран за првата труба за млади на неодамна завршената манифестација Гуча за 2022 година“, изјави Самет Салиевски, директор на фестивалот.

Фестивалот е под покровителство на Општина Куманово и Министерството за култура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk