Ромалитико и УСАИД изградија ново детско катче во Куманово

07.11.2023 15:38 | Оливера Пешевска

На локалитетот „Мај Маркет“ на булеварот „Октомвриска револуција“ денеска беше пуштено во употреба ново детско катче. 

Ромалитико и УСАИД изградија ново детско катче во Куманово

Проектот го реализира невладината организација Ромалитико од Скопје, со финансиска поддршка на УСАИД програмата и соработниците ДРОМ Куманово и Здружението на артисти за графити и мурали Форма Куманово.

 „Повеќе организации заедно стапивме во оваа акција, сите дадовме некаков придонес за да ова денеска биде реалност. Навистина од нула почнуваме и ги претвараме местата во убави за употреба, иако заборавени од граѓаните и од институциите, генерално децата веќе го користат и тоа ми е најмило, успеавме од неупотребливо место да направиме место за забава и рекреација“, изјави Суат Скендери, проектен директор на „Заедно за просперитетна заедница“ на Ромалитико.

Во паркот се поставени лулашки, лизгалки, клацкалки, неколку масичи, клупи, канти за отпадоци за да целото место затскриено во зградите добие урбан и уреден лик, кој патем има и конкретна и практична намена.

Програмата на УСАИД за развој на заедницата е имплементиран од Мрежата за рурален развој РДН во партнерство со ЛАГ Абер 2015.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk